Седумнаесетгодишник осуден поради навреда на турскиот премиер на Фејсбук

Од:

Судот во западниот турски округ Баликесир денеска осуди еден 17-годишник на 11 месеци и 20 дена затвор, поради навреда на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган преку социјалната мрежа Фејсбук.

Судот се реши да го казни тинејџерот, иако адвокатот на турскиот премиер претходно ја повлече тужбата.

Момчето првично беше осудено на една година и шест месеци затвор, но поради неговата возраст и примерното однесување во текот на судскиот процес, казната со денешната пресуда му е намалена.

По изрекувањето на пресудата тинејџерот изјави дека жали за она што го направил, му се заблагодари на премиерот Ердоган и призна дека претерал со критиките во неговите објави на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат