[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Властите во Топола бараат од државниот врв да се отвори тајниот бункер од Втората светска војна, кој е направен за тогашното раководство, кое на Сталин му одговорило „не“.
Според исказот на сведок од тоа време, бункерот на Тито се наоѓа под вилата на владеачката династија Караѓорѓевиќ, односно во склоп со нивните тунели, претставувува подземен лавиринт.
Претседателот на општина Топола, Драган Јовановиќ вели дека според сведоците, на Опленец во тоа време се изградени три тајни воени скривници.
Два од нив се делимично познати на јавноста, но третата која била наменета за Тито, остана мистерија до денес.
Локалните власти упатија барање до Генералштабот на војската на република Србија за да конечно се открие тајниот бункер и тој да биде отворен за туристите.
Скривницата се крие зад тешки метални врата, затворени со ѕид.
Се наоѓа на простор на главната вила на кралот Петар Први и Александар Караѓорѓевиќ и вилата која што ја користела кралицата Марија.
Во средиштето на кружната патека е засадено дрво кое ја сокрива вентилационата цевка од бункерот – изјави Јовановиќ.
Малкумината сведоци се уште не сакаат да зборуваат јавно, за какви објекти станува збор, само наведуваат дека во прашање се скривници кои можат да издржат и атомски удар и дека се на десет метри под земјата.
Бункерите ги градеа германски заробеници. Тито ги избра Опленец и Топола поради географската положба, бидејќи се наоѓаат во средиштето на државата, далеку од соседните држави.
-Се е правено од страв, доколку Сталин сака да се одмазди – додаде Јовановиќ.
Упатените тврдат дека Тито редовно бил во вилата на Караѓорѓевиќ од 1946 година, до 1953 година, односно до изградбата на резиденцијата на Бриони.
Се претпоставува дека токму од тоа место одлучил на Русите во 1948 година да им го каже историското „не“.