Се појави споменик на ОВПМБ во Прешево

Од:

На плоштадот пред седиштето на локалната самоуправа во Прешево поставен е споменик со 27 испишани имиња на загинати припадници на Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеџе, организација која крена оружен бунт против Србија. Споменикот е поставен во петокот.

Пратеникот Риза Хаљими вели дека не присуствувал на отркивањето на споменикот.
„Претпоставувам дека поставувањето на споменикот е врз основа на одлука на локалната самоуправа, како и плоштадот да се преименува со имињата ба паднатите борци“, вели Хаљими.

Шефот на координационото тело за југот на Србија Зоран Стевановиќ изјави дека за споменикот слушнал од новинарите. Градоначалникот на Врање, Зоран Антиќ смета дека станува збор за поставување споменик на терористите.

„Ова е голема срамота и државата треба да реагира бидејќи ОВПМБ беше терористичка организација со цел да го урне уставниот поредок на Србија и да отцепи еден нејзин дел“, рече Антиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски