Се обеси поранешен грчки заменик-министер

Од:

Поранешниот грчки заменик-министер за внатрешни работи, 57-годишниот Леонидас Цанис, бил пронајден вчера обесен, откако неговото име се појавило на листата политичари кои се под истрага поради можно затајување данок, пишуваат грчките медиуми.

Цанис, адвокат по професија, пред десет години беше заменик министер за внатрешни работи, е пронајден мртво во неговиот дом во градот Волос во централна Грција.

Минатиот месец, министерот за финансии на Грција Јанис Стурнарас изјави дека властите истражуваат повеќе од 30 случаи поврзани со даночните обврски и имотот на политичарите и другите работници од јавниот сектор.

Шефот на парламентот на Грција, Евангелос Меимаракис, минатиот месец остапи од својата фунција откако медиумите објавија дека тој е еден од политичарите што се сомничат за наводно перење пари.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов