СЕ: Мигрантите во прифатните центри во Грција живеат во лоши услови

Од:

Мигрантите сместени во прифатните центри во Грција живеат во валкани и пренатрупани простории и се соочуваат со недостиг на храна и вода за пиење и со полициска тортура, посочува Европскиот комитет за спречување на тортурата при Советот на Европа во својот извештај за условите во кои живеат илјадници лица во грчките мигрантски центри.

– Држењето на луѓато во такви услови може да се смета за нехуман и понижувачки однос, што воедно може дс претставува и ризик по јавното здравје, се маведува во докумнетот, изготвен врз основа на согледувањата на експерти на Комитетот по нивната посета на прифатниците центри за мигранти во Грција во април и јули 2016 година.

Експертите на Комитетот во посочениот период посетиле дваесетина прифатни центри, полициски станици и гранички премини, каде биле држени мигранти „понекогаш со недели, па дури и со месеци“.

Тие ги посетиле и пунктовите за регистрација на новодојдените бегалци и мигранти на два грчки острови во Егејското Море.

Во извештајот како примери за лошите услови во кои живеат мигрантите се посочува состојбата во прифатниот центар во Солун, каде „по чаршафите имало вошки“ и во пунктот за регистрација на Лезбос, каде во еден контејнер од 46 метри квадратни биле сместени 43 лица.

Документот содржи изјави на мигрантите кои се жалат дека биле изложени на насилство од страна на полицијци, кои наводни ги клоцале и удирале со тупаници.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски