Се е подготвено за утрешните избори во Грција

Од:

Повеќе од 900 новинари од 50-тина земји од светот се акредитирани да ги следат утрешните вонредни парламентарни избори во Грција, јави дописникот на МИА од Атина.

Одговорните велат дека се е подготвено за утрешното гласање, а избирачките места ќе бидат отворени од седум до 19 часот.

Во избирачкиот список се запишани 9 милиони 808 илјади и 760 гласачи кои ќе гласаат на 19.449 избирачки места низ целата земја.

Бројот на индивидуални кандидати кои секој гласач може да ги поддржи на гласачкото ливче варира во зависност од бројот на местата кои ги избира изборната единица. За оние кои избираат еден до три кандидати за парламентот, гласачите можат да поддржат само еден, за оние кои избираат меѓу четири и седум- до два, за оние кои избираат меѓу осум и 12 – до три, и за оние кои избираат 13 и повеќе – можат да поддржат до четири кандидати. Гласачите исто така на избирачките места можат да побараат информации за максималниот број на кандидати кои можат да ги поддржат.

На изборите ќе учествуваат 18 партии и четири коалиции. Вкупно 250 места во парламентот ќе бидат поделени врз основа на освоените гласови, а дополнителни 50 места ќе добие партијата што ќе освои најмногу гласови. Коалициите не се сметаат како една партија, па така гласовите ќе им се пресметуваат одделно за секоја партија во коалицијата. Парламентарно мнозинство се постигнува со партијата или коалицијата на партии кои имаат најмалку половина плус едно (151 од вкупно 300) места во парламентот.

Според последната анкета Сириза води пред Нова демократија со пет процентни поени, а на трето место е Потами со шест проценти поддршка од избирачите.

Анкетата што доцна синоќа ја објави грчката телевизија „Екшн 24“, покажува дека прагот од три проценти ќе го поминат и Златна Зора, ПАСОК, Комунистичката партија и партијата Независни Грци.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов