Сакате да го наречете Ердоган диктатор? Најдете си адвокат

Од:

Ал Монитор – Вашингтон

Весникот Хуриет во своето електронско издание од 13 јануари објави материјал насловен „13 причини лошиот к`смет да се поврзе со петок 13-ти“. Текстот не беше политички и беше илустриран со фотографија на познатата слика на Леонардо Давинчи, „Тајната вечера“. Но при внимателно загледување во сликата човек ќе види дека е дигитално сменета така што десно од Исус седи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Хуриет јавно му се извини на Ердоган и објави дека само неколку минути по објавувањето на сликата ја тргнале од веб страната и неодложно ги избркале од работа уредникот Ајнур Карабел и директорот за информации на веб страната, Сермин Терзи. Користењето на фотографија од сликата весникот ја објасни како недозволив пропуст.

Но за двете ибркани новинарки проблемот не е завршен. На 25 јануари медиумите громогласно објавија дека јавното обвинителство подигнало обвинение против Терзи и Карабел за напад врз претседателот. И двете тврдат дека не сфатиле дека на сликата е вметнат ликот на Ердоган. Иако текстот немал никаква врска со политиката, тие немале намера ниту причина да го искористат неговиот лик. Но обвинителите тврдат дека сликата е напад независно од целта или случајната употреба.

Истиот ден беше отворена истрага и против Си-Ен-Ен Турк, кој соопшти дека опозоцискиот лидер Кемал Колчдароглу го нарекол Ердоган „копија на диктатор“. Соопштувајќи го тоа (весникот, дека против Колчдароглу е подигнато одвинение за одговорност заради таа квалификација) телевизијата стави наводници покрај зборот диктатор, а во поднасловот стоеше „Диктаторот“ под истрага“. Си-Ен-Ен Турк само се обидуваше да соопшти за зборот „диктатор“ но се фати заплеткан во калиштата на турскиот судски систем.

Овие два случаи не се изненадување за редовните читатели на рубриката за Турција на Ал Монитор, затоа што веќе преку неколку статии се дозна колку можат брзо да се разгневат Ердоган и неговите луѓе. Случаите нормално предизвикаа коментари на социјалните мрежи и меѓу интелектуалците, а некои сериозни аналитичари изјавија дека е контрапродуктивно еден политичар да не дозволи никој да го нарече диктатор, и дека наместо тоа би требало да престане да се прикажува како таков.

Во пракса, суд во округот Ескишехир им прости на четири студенти кои го нарекоа Ердоган диктатор. Студентите распнале транспарент со текст „Диктаторите се сменети преку улицата“ со истакната слика од Ердоган. Ослободителната пресуда го зголеми интересот кон „зборот со Д“ на Ердоган и неговите приврзеници, кои доброволно застануваат да го заштитат Ердоган од се поголемото незадоволство.

Навистина, ако турската политичка линија се погледне отстрана, секој ќе види еден маѓепсан круг: колку повеќе Партијата на правдата и развојот (ПСР) го идолизира Ердоган и се обидува да ја оправда неговата контрола над законодавната и извршната власт, толку повеќе се засилува нивната нервоза и вознемиреност. По секоја карикатура, тема или објава на социјалните медиуми се претвора во потенцијален извор за дискредитација кон Ердоган. И така поддржувачите на Ердоган безмилосно се справуваат да ги казнат критичарите.

Но сепак овие два случаи излегуваат од границите на новите и креативни начини за замолчување на опозицијата. Тука нема вмешано никакво политичко противење. Епизодата со „Тајната вечера“ најверојатно е невнимание на изморени новинари, а Си-Ен-Ен Турк користи стандарден метод за информирање за да соопшти за судски процес против Колчдароглу. Тоа е всушност повратна точка во турската политика од досегашното замолчување на политичката опозиција. Дали следниот чекор е да се контролира секој детал – снимки, зборови и секој евентуален знак за несогласување?

– Да се свртат слични случаи во судски процеси е како да се потсмеваш на спроведувачите на законот, рече за Ал Монитор Пинар Даг, истражувачки новинар и експерт по прашањата во новинарството.

Аналитичарот Керем Ефе Сјузери кој се занимава со медиумите, го подвлече се поголемиот сегмент од населението кое прифаќа слични рестрикции врз слободата на изразувањето. „Ние сме општество од две групи: предавници и разумни граѓани. Тие две слики (поднасловот на Си-Ен-Ен Турк и „Тајната вечера“) се знак за нашиот премин кон авторитаризам“, посочи тој.

Јусуф Салман, независен аналитичар и специјалист во областа на медиумите, потенцира дека досега изброил околу 1.300 дела за навреда на Ердоган. „Тенденијата е да се гонат обични граѓани. Во следните месеци можеби ќе видиме промена кон гонење на повеќе професори, адвокати и политичари. Има ли стратешка причина заради која ПСР ќе го надмине својот гнев?“, прашува тој.

Во пракса, можеби имено е тоа и коренот на суштината на прашањето. Колку погневен станува Ердоган, толку е тој попочитуван во Турција. Колку повеќе неговите поддржувачи се убедени дека непријателите на државата го зеле Ердоган на нишан, толку повеќе тие се сплотуваат околу него, декларирајќи ја својата безусловна поддршка. Сега кога опозицијата во поголемиот дел е истовремено и замолчена и ретко се слуша гласот на опозициските лидери на телевизиите, во фокусот може да се истакне забранувањето на одредени зборови во нивната општествена употреба.

Новинарството, не само зборовите, туку и фотографиите, се сметаат за опасни. Аналитичар кој работи во провладин медиум, под услов на анонимност рече дека „нема никакво значење дали Си-Ен-Ен Турк го нарекла Ердоган диктатор или само ја соопштиле веста. Тие ја покажуваат таа снимка и долу под неа на екранот пишува „доктатор“. Мислите ли дека просечниот Турчин обрнува внимание на наводниците?“

Запрашан дали судските процеси ќе доведат до засилување на вниманието кон врската меѓу „зборот со Д“ и Ердоган, експертот одговари: „Тоа е добро. Ако турската јавност смета дека се искажува непочитување кон нејзиниот лидер, тие ќе се исправат пред него и ќе го заштитат“. Тогаш не изненадува што случајот беше широко коментиран ве медиумите кои ја поддржуваат ПСР.

Анонимниот експерт е во право, а мислењата слични на нејзиното секодјневно се искажуваат на бројните турски телевизии. Откако е ставен притисок врз политичката опозиција, а нејзините идеи се санкционирани, новата граница за пропагандата на ПСР ќе бидат одредени зборови и слики. Ако зборовите и сликите бидат ставен под строг надзор, турската јавност и треба да биде заштитена, и второ, се предефинира смислата на политичката коректност во турскиот домен. Пиарите на ПСР многу добро знаат дека не можат да ги ибришат непријатните зборови од речникот, па затоа дотогаш ќе ја искористат ситуацијата за внатрешна употреба.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски