САД го поздравија како историско сочувството изразено од Ердоган кон Ерменците

Од:

САД го поздравија како историско сочувството, што турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган го изрази кон Ерменците убиени пред 99 години во Османлиската Империја, изразувајќи надеж дека тоа ќе придонесе за помирување меѓу Турција и Ерменија, јави ДПА.

– Го поздравуваме историското јавно признание од турскиот премиер Ердоган на страдањата кои Ерменците ги претрпеле во 1915 година. САД гледаат на тоа, како на позитивен сигнал. Дека е можно целосно, искрено и праведно признавање на фактите, изјави портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки.

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган вчера изрази сочувство од Турција на „внуците на Ерменците убиени во 1915 година“ за време на масовните убиства на претставници на ерменската заедница во Османлиската Империја.

Настаните меѓу 1915 и 1917 година, во последните години на Османлиската Империја, се оквалификувани за геноцид од голем број земји, но не и од Турција.

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ