Руско-американска средба за украинската криза во Белград

Од:

Во Белград денеска ќе се одржи средба на специјалниот пратеник на САД за Донбас, Курт Волкер и помошникот на рускиот претседател Владислав Сурков, посветана на кризата во источна Украина.

Волкер во изјава за Гласот на Америка соопшти дека главна тема на разговорите ќе биде имплементацијата на Договорот од Минск.

– Ќе се сретнам со помошникот претседател на Русија во Белград, за да разговараме за побрза имплементација на (договорот од) Минск и за обновување на територијалниот интегритет на Украина“, наведе Волкер.

Со Договорот од Минск, склучен во 2015 година, се предвидува прекин на огнот во источниот дел на Украина и натамошни чекори за запирање на судирите, но во голем дел не е спроведен.

На средбата се очекува да се разговараат и за рускиот предлог за распоредување мировници на ОН во зоната на конфликтот во Донбас.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна предложи разместување на мировници на ОН, со задача да ги штитат членовите на Мисијата на ОБСЕ, кои вршат мониторинг на линиите на разграничување меѓу проруските сепаратисти и украинските владини сили.

Ова ќе биде втора средба меѓу Волкер и Сурков за разрешување на воениот конфликт во Донбас.

Вашингтон ја обвинува Русија дека не го почитува договорот од Минск за запирање на вооружените дејства и тврди дека се потребни дополнителни гаранции за преодниот процес, во кој Украина треба да ја преземе контролата врз териториите што сега ги држат проруските сепаратисти.

Од друга страна, Москва бара усвојување на патокази за прекин на непријателствата во Донбас, нагласувајќи дека е против отцепување на регионот од Украина.

Лидерите на сепаратистите во Доњецк и Луганск, од своја страна, инсистираат на официјализација на рускиот јазик, спроведување на процес на демилитаризација, како и добивање на широка политичка и фискална автономија.

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он