Руските и граѓани на повеќе земји без виза во Албанија

Од:

Албанската Влада одлучи за време на летната туристичка сезона граѓаните на Русија и уште неколку земји  во Албанија да влегуваат без виза, јави дописникот на МИА од Тирана.

Освен на граѓаните на Русија, во овој период, за влез во Албанија виза нема да им треба и на оние од Молдавија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Оман и Кувајт.

Ова е вообичаена практика  во изминатата декада, но како што пренесува весникот „Газета шќиптаре“ сега посебно паѓа во очи Русија, поради односот на оваа земја кон САД и ЕУ, во врска со конфликтот со Украина.

Поренешниот министер за надворешни работи, Алдо Бумчи одлуката на владата ја смета за скандалозна, повикувајќи се на актуелната ситуација кога САД и ЕУ воведуваат санкции кон Русија.

За Министерството за надворешени работи, ова е нормална практика за земјите чии граѓани доаѓаат во Албанија за време на летната сезона.

– Тоа е една нормална повеќегодишна практика, со долг список на земји чии граѓани редовно доаѓаат во Албанија за време на летната туристичка сезона. Тоа се спроведува со години. Нема причина за некакви санкции, изјави  советникот за медиумите при албанското МНР, Глевин Дервиши

Весникот котактирал и со Министерстгото за туризам, од каде потврдиле дека тоа е барање на туристичките оператори и бизнисот.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент