Русите порачаа: Ќе останеме да помагаме во поплавите

Од:

Руската Федерација е една од првите држави, кои веднаш испратија помош во Србија и критичните подрачја. Токму руските спасувачи во петок евакуираа околу 400 лица од поплавите во Обреновац.

-Во Русија на сите телевизии ударна вест се информациите од поплавите во Србија и луѓето од сите страни сакаат да му помогнат на братскиот народ во Србија- рече еден од руските спасувачи, кој додаде дека нивното искуство им вели дека со максимален ангажман на државите и народот, штетите може да се санираат за два до три месеци.

-Ќе останеме овде колку и да е потребно- изјави храбриот спасувач.

ruskiSpasuvaci-Srb1

Според неговите зборови состојбата во Обреновац е многу подобра, од онаа кога тие пристигнале и сега веќе и со камиони може да им се помогне на луѓето кои останаа заробени во поплавите.

-Српскиот народ е многу храбар, тоа го видов на лице место. Војската и полицијата се храбри, како и доброволците кои пристигнаа од сите страни да го бранат Обреновац и да им помогнат на луѓето. Мило ми е да видам како пријателски и сложно работат, војската и полицијата. Оваа организација и волја кај луѓето потполно ме воодушевија -заклучи тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија