Русија заинтересирана Лавров да ја посети Грција до крајот на годината

Од:

Рускиот амбасадор во Атина, Андреј Маслов на средбата со алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис го изрази интересот на Русија, нејзиниот министер за надворешни работи Сергеј Лавров до крајот на годинава да ја посети Грција.

Варвициотис го прими рускиот амбасадор Маслов, а на протоколарната средба, како што соопштуваат од грчкото МНР, станало збор за можностите за билатералната соработка, како и за прашањата од регионален и меѓународен интерес.

– За време на средбата беше потврдена заедничката желба на двете страни за дополнително зајакнување на односите меѓу Грција и Русија. Господинот Маслов го изрази особениот интерес на Русија за посета на рускиот министер за надворешни работи на нашата земја до крајот на годината, соопштуваат од грчкото МНР за средбата Варвициотис – Маслов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов