Русија утврди, соборениот турски авион го нарушил воздушниот простор на Сирија

Од:

Русија утврдила дека соборениот турски воен авион над Сирија го нарушил воздушниот простор на соседната земја, соопшти руски воен претставник.

Изворот, кој побарал анонимност, изјави дека Русија располага со точни координати, кои го докажуваат тоа на неоспорен начин.

Руските власти не излегле официјално со такво тврдење. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, меѓутоа, објави на крајот на минатата седмица, дека неговата земја располага со информација за местоположбата на турскиот воен авион кон моментот на неговото соборување од сириската противвоздушна одбрана.

Случајот ја засили напнатоста меѓу Турција и Сирија, која и без тоа веќе беше висока поради поддршката на Анкара за сириските бунтовници.

Според турската страна, соборениот авион, чии двајца пилоти не беа пронајдени, се наоѓал во меѓународен воздушен простор.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски