Русија, тероризмот и миграциите теми на Парламентарното собрание на НАТО во Тирана

Од:

Во Тирана денеска почна заседание на Парламентарното собрание на НАТО, а според нејзиниот претседател Мајкл Р. Тарнер тема на состанокот, меѓу другото, ќе биде „агресивниот став на Русија“, тероризмот и масовните миграции, јави Танјуг.

Околу 250 парламентарци од 28 држави членки на НАТО и партнерски земји се собраа во албанската престолнина за да разговараат за одговорот на Алијансата на низата предизвици во пресрет на самитот на НАТО во јули во Варшава.

На собранието се очекува да се усвои декларација во која, меѓу другото, лидерите на Алијансата ќе се повикаат да ја засилат својата колективна одбрана и превентивно делување, да развијат сеопфатна стратегија за промоција на стабилноста во северна Африка и на Блискиот исток и да ја засилат соработката со Европската Унија, наведуваат американските медиуми, повикувајќи се на нацрт декларацијата.

Поради заседанието на Парламентарното собрание на НАТО во Тирана во сила се високи безбедносни мерки, кои вклучуваат активно учество на 600 полицајци и припадници на безбедносните сили.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата