Русија го задржува правото на реципрочни мерки кон Бугарија

Од:

Русија го задржува правото на реципрочни мерки против Бугарија откако таа земја протера двајца руски дипломати, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Овој потег на Софија, во соопштението на руското МНР, се оценува за непријателски и провокативен чекор што спротивен на конструктивните односи традиционално засновани на взаемно почитување.

Во соопштението се истакнува дека бугарските власти не доставиле никакви јасни докази за одлуката за протерање на руските дипломати.

Официјална Софија прогласи двајца руски дипломати обвинети за непожели заради шпионажа, соопшти вчера бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.

Писмо од јавниот обвинител, со информации за граѓани кои шпионирале на бугарска територија е примено денеска во Министерството за надворешни работи, јави БГНЕС. Обвинителите соопштија дека Русите биле вклучени во шпионажа, но дека поради дипломатскиот имунитет не може да им се суди.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски