РС: Пресудата против Радован Караџиќ е политички мотивирана

Од:

Владата на Република Српска денеска оцени дека пресудата против поранешниот претседател на РС Радован Караџиќ, кој е осуден на 40 години затвор поради геноцид и воени злосторства за време на војната во БиХ (1992-1995), е политички мотивирана и не придонесува за помирување и воспоставување на взаемна доверба на народите од поранешна Југославија, јави СРНА.

На вонредната седница на Владата на РС беше истакнато дека пресудата е изречена против поединечно лице, а не против РС и беа отфрлени сите обиди да се злоупотребува одлуката на Трибуналот, насочени кон обвинувања на РС.

Владата на РС најави дека ќе ја обезбеди целата неопходна помош за обжалување на пресудата, собирајќи факти и документи, кои би можеле да му користат на Караџиќ. 

Би можело да ве интересира

Во Република Српска уапсени девет лица поради детска порнографија

Ана Ололовска

Додик патува за Москва, најави што ќе разговара со Путин

Ана Ололовска

Додик оди кај Путин

Ана Ололовска

Жестока кавга во БиХ, Додик се заканува со ескалација на ситуацијата

Ана Ололовска

Додик го навреди амбасадорот на САД: Станува збор за еден лигавец

Ана Ололовска

Додик: Сериозно размислуваме да донесеме одлука за независност на Република Српска

Ана Ололовска