Во Република Српска уапсени девет лица поради детска порнографија

Од:

Во Република Српска се уапсени девет лица под сомнение дека во претходниот период извршиле кривични дела искористување на деца за порнографија.

Тие се осомничени и за перење пари и недозволено изработување и тргување со оружје или експлозивни материјали, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на РС.

Оперативната акција „Систем 2023“ ја спроведоа полициски службеници на Одделот за високотехнолошки криминал при Управата за криминалистичка полиција во соработка со припадници на полициските управи на Бјелина, Добој и Бањалука, јавува РТРС.

Тие извршиле претрес на осум локации за кои било утврдено дека ги користат лица поврзани со извршувањето на споменатите кривични дела.

„При претресот пронајдени се и одземени средствата за извршување на кривично дело и тоа компјутери, таблети, мобилни телефони, УСБ стикови, мемориски картички, СИМ картички и други уреди за чување на дигитални податоци, како и други предмети кои можат да се поврзат со извршување на кривично дело, како и случаи кои укажуваат на извршување на друго кривично дело“, се наведува во соопштението.

Осомничените ќе бидат предадени на надлежните обвинителства.

Срна неофицијално дознава дека уапсените се осомничени дека посетиле веб-страници кои содржеле материјали со фотографии од детска порнографија, преземале фотографии и видеа од тие страници, по што користеле социјални мрежи и апликации за комуникација во неколку наврати за споделување или примање на таа содржина.

Според информациите на Срна, поединци се осомничени дека на оддалечени инфраструктури создале простор за складирање на дигитални податоци под нивна контрола, по што повеќепати ја складирале содржината на детска порнографија на споменатите простори за складирање.

Би можело да ве интересира

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски