Додик: Сериозно размислуваме да донесеме одлука за независност на Република Српска

Од:

Денеска во Белград се сретнаа претседателот на Република Српска Милорад Додик и претседателот на Србија Александар Вучиќ. На конференција за медиуми Додик изјави дека политичкото раководство на Република Српска ја разгледува одлуката тој ентитет да стане независен.

Додик за медиумите изјави дека со Вучиќ разговарал за аеродромот во Требиње, хидроцентралата Бук Бијела и внатрешните проблеми „тешки на ниво на БиХ“.

„Проблемите кулминираа кога имаше цинично барање да се постави имотот, за да се позанимаваат со тој имот. Реков дека ако се инсистира и не се реши, што ќе биде. Со блокадата што ја направија за имот, не можеме да разговараме со инвеститорите, а отстапките се доведени во прашање. Се што сакаме е да се почитува Уставот на БиХ“, рече Додик, пренесува N1 БиХ.

Тој рече дека го информирал Вучиќ за ставот на политичкото раководство на РС дека ангажманот на меѓународната заедница и политичкото Сараево води кон дополнително деградирање на позицијата на Република Српска.

„Сериозно размислуваме да донесеме одлука за независноста на Република Српска доколку вака продолжи. Мораме да избегаме од полето за игра на различни дипломати во Сараево“, рече Додик.

„Членството во НАТО не доаѓа предвид“

Тој го коментираше и прашањето за односите со НАТО алијансата и рече дека соработката меѓу НАТО и Република Српска во моментов е замрзната.

„Кога станува збор за НАТО… Го следиме ставот на Србија за тоа прашање, и тој е многу јасен – неутралност. Соработка со НАТО е можна, но никакво членство не доаѓа предвид“, коментира Додик, пишува Кликс.

Би можело да ве интересира

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска