Рот до албанската опозиција: Иднината на Албанија е во ЕУ, но тоа не зависи само од Владата

Од:

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, по средбата со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша изјави дека „се соглсува со него дека иднината на Албанија е во ЕУ, но оти тоа не зависи само од Владата“.

– Јас целосно се согласувам со господинот Баша кога тој вели дека иднината на Албанија е во ЕУ и никаде на друго место. Дали овој пат ќе биде успешен, не зависи само од владата на една земја, туку и од парламентот и опозицијата. Посакувам и се надевам дека ќе се најде конструктивен тон и пристап кон односот меѓу власта и опозицијата, рече тој.

Рот додаде дека опозицијата е важна и нагласи оти во еден демократски систем нема непријатели, туку политички противници, па затоа тој го смета Парламентот како најдобро место за дебата.

На обвинувањата на Баша дека на парламентарните избори на 25 април се случил „изборен маскр“, тој изјави дека „ќе им веруваат на проценките на ОДХИР“ и оти сите критики треба да се разјаснат и тоа требаше да се направи преку институциите.

Во врска со прашањето за преговори, Рот вели дека Европската комисија ги проценила условите и се надева дека на 22 јуни ќе пристигне отворањето на преговори за членство на Албанија во ЕУ, како и за Северна Македонија.

Баша информраше дека го запознал високиот гостин со сите нерегуларности и затоа го замолил министерот Рот да реагира и да ги осуди изборите пред да биде предоцна за Албанија. Според Баша, земјата е „преполна со криминалци, корупција и организиран криминал“.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици