Рон Џонсон: Србија и Косово треба да земат пример од Северна Македонија и Грција како се постигнува договор

Од:

Лидерите на Србија и Косово треба да сфатат дека од најдобар интерес за нив е да ги oстават разликите зад себе и да постигнат договор по углед на Грција и Северна Македонија.

Ова во интервју за Гласот на Америка на украински јазик го изјави сенаторт Рон Џонсон, републиканец од Висконсин и претседавач на сенатската Комисија за надворешни работи.

– Постигнувањето договор е уште потешко зашто двете земји бараат поголема американска ангажираност. Ја ценат помошта од Европејците, но бараат поголемо американско влијание. Мислам дека сме способни да им помогнеме, но не и да им наметнеме решение, изјави Џонсон.

Според него, обете страни може да сметаат на поддршката од Америка и Европа, откако постигнат договор, со кој треба да ги убедите жителите на Косово и Србија за неговата корист.

-Земете го примерот со Грција и сега, Северна Македонија, чии жители не беа среќни од меѓусебен договор. Затоа беше потребна политичка храброст за таков договор, што на крајот, беше историски ! Двете земји преговараа заткулисно многу месеци за да стасаат до договор, истакна сенаторот.

Додаде дека токму тоа треба да им се предочи на Србија и Косово.

– Во нивни заеднички интерес е понатамошна европска интеграција и економска слободна зона и пристап до успешните економии. Не треба да се „продава“ евентуалниот договор, туку бенефициите од него и надминувањето на проблемот, истакна Џонсон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимен моментот кога српската парламентарка е погодена во глава

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во српскиот парламент: Шок бомби, солзавец и тепачки

Катерина Ѓуровски

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

А1он

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

Филипче: Кочовска го покажа вистинското лице на ДПМНЕ – тие се арогантни, нетолерантни и агресивни

ВЛЕН: Наместо прослава за децата, отворањето на градинката се претвори во партиски собир