ВЛЕН: Наместо прослава за децата, отворањето на градинката се претвори во партиски собир

Од:

Наместо да биде свечен настан посветен на децата, инаугурацијата на новата градинка во Матејче-Липково беше искористена како платформа за политичка промоција од страна на ДУИ. Овој чин, кој требаше да означи чекор напред во грижата за најмалите, беше претворен во партиски настан, со што се прекршија принципите на неутралност и се занемари Конвенцијата за правата на детето.

ДУИ, во недостаток на конкретни проекти, се обидува да присвои успеси кои се резултат на работата на владата ВЛЕН. Досега не понудија ниту една нова иницијатива, а сега настојуваат да си припишат инвестиции кои не се нивно дело.

Ако ДУИ навистина го смета овој проект за свое постигнување, зошто тогаш не ја поканија поранешната министерка од нивниот коалициски партнер? Ова јасно покажува дека нивните обиди да си припишат заслуги се неосновани и нелегитимни.

Граѓаните ја знаат вистината и се сведоци на позитивните промени што ги носи владата ВЛЕН. Остануваме посветени на подобрување на благосостојбата на децата и на сите граѓани, без политички злоупотреби и ниски манипулации, велат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Променливо облачно, со локален дожд

СДСМ: Дефокус и напад врз Филипче, сакаат да ја срушат партијата ама од тоа нема ништо

Не сакаат нова партија, туку опозициски фронт без Филипче: „12:05“ бара промени и спас за СДСМ

Предраг Петровиќ

ММА бара одговори, четири недели молк од АВМУ за „Арена М“

Предраг Петровиќ

Отворена истрага за насилство врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“

Предраг Петровиќ