Ромпуј: Преговорите со Србија најдоцна во јануари

Од:

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј изјави денеска дека лидерите на европските држави и влади одлучиле пристапните преговори со Србија да започнат најдоцна во јануари 2014 година, што според него е историски момент за Балканот и Европа.

– Оваа одлука, како и одлуката за започнување преговори со Косово за Договорот за стабилизација и асоцијација, е директна последица на храбриот договор меѓу Белград и Приштина постигнат во април, истакна Ромпуј на прес-конференција во Брисел.

Во јануари, како што е прецизирано, ќе се одржи меѓувладина конференција со Србија, со што формално ќе се отворат преговорите за членство.

Ромпуј најави дека в понеделник ќе допатува во Белград и Приштина, со цел да се истакне значењето на овие исчекори во процесот на евроинтеграции на Србија и Косово.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросп, исто така, на прес- конференција ја поздрави одлуката за одредување датум за преговори со Србија, оценувајќи дека станува збор за историски настан.

– Да се потсетиме што се случуваше неодамна во овој дел на Европа, каде што беснееше војна, а сега започнуваме преговори за членство, истакна Баросо, заклучувајќи дека овој исчекор на Србија во евроинтеграциите е „демонстрација на привлечните сили кои ги има ЕУ“.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија