Република Српска забрани увоз на мандарини од Турција поради присуство на пестициди

Од:

Фитосанитарната инспекција на Република Српска забрани увоз на 10.400 килограми мандарини по потекло од Турција, поради утврдено зголемено присуство на пестициди.

Како што соопшти Инспекцијата, пестицидите се откриени за време на редовна контрола при увоз на пратката.

„Со лабораториската анализа изработена од Институтот за вода во Бјелина, во анализираниот примерок мандарина утврдено е зголемено присуство на пестицидот „фенвалерат“, над вредноста пропишана со Правилникот за максимално ниво на пестициди во храната и сточната храната од растително и животинско потекло“, се наведува во соопштението.

Увозникот побарал и супер анализа која е извршена во лабораторија во српскиот град Бечеј, со која е потврдено присуство на пестицидот, поради што е донесено решение за враќање на спорните пратки или уништување под надзор на надлежен инспектор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: Загина четиричлено семејство

Осомничениот за нападот во Москва е приведен во Бодрум

Горан Наумовски

ВИДЕО: Турција го лансираше првиот комуникациски сателит

Додик му се закани на „американскиот функционер“ дека ќе го избрка од Бања Лука

Предраг Петровиќ

(ВИДЕO) Невообичаено светло над Истанбул: Граѓаните вознемирени, се огласи вселенската агенција

Предраг Петровиќ

УЕФА го казни херојот на Турција

Горан Наумовски