Реконструкција на Владата на Федерацијата БиХ

Од:

Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска на вонредна седница со мнозинство гласови ја одобри реконструкцијата на Владата на бошњачко-хрватскиот ентитет, јави Фена.

Со реконструкцијата во Владата се вклучени четворица нови министи и тоа Едита Ѓапо за животна средина и туризам, Златан Вујановиќ за трговија, Нермин Џиндиќ за енергија, рударство и индустрија и Веско Дрљача за труд и социјална политика. 

Сите нови министри се членови на Сојузот за подобра иднина (СББ) на Фахридун Радоњчиќ, со што оваа партија станува дел од владината коалиција на местото на Демократскиот фронт (ДФ). Останатите две партии во владината коалиција се Партијата за демократска акција (СДА) и Хрватската демократска заедница (ХДЗ).

Пред изборот на новите членови на Владата, претседателот на Федерацијата БиХ, Маринко Чавара од досегашните функции ги разреши министрите од редовите на Демократскиот фронт.

Чавара денеска пред одржувањето на седницата на Парламентот, се сретна со новопредложените министри, при што изрази задоволство дека по неколку месеци „конечно е најдено решение за проблемот со функционирањето на Владата“ на ентитетот.

– Новите министри ќе ја споделуваат одговорноста со досегашните членови на Владата во спроведувањето на неопходните реформи, истакна Чавара.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина