Реконструкција на албанската влада, нови имиња во значајни минстерства

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама на денешната седница на Националното собрание на неговата Социјалистичка партија ги соопшти новите имиња во владиниот кабинет.

Во кабинетот има осум нови имиња на министри и еден вицепремиер.

Рама одлучи заменик премиер да биде Ерион Браче, влијателна личност во партијата, Браче доаѓа на местото на Сенида Меси.

Албанија доби и нов министер за Европа и надворешни работи. Досегашнот Дитмир Бушати го наследува Генц Цака.

Од Владата заминува и Линдита Никола, министерка за образование и на нејзино место доаѓа Беса Шахини, актуелен заменик министер во истото Министерство. На место Арбен Ахметај нов министер за финансии и економија ќе биде Анила Денај, додека Белинда Балуку ќе го замени Дамиан Ѓикнури, министер за инфраструктура и енергетика.

Бледи Чучи ќе го замени Нико Полеши на функцијата минстер за земјоделство, Елва Маргарти е нова министерка за култура, која доаѓа на местото на Мирела Кумбаро, додека Едуард Шалси е нов државен министер, на место на Сонила Ќато.

Премиерот Рама го враќа повторно Министерството за односи со Парламентот и за негов прв човек ја назмачува Елса Спиропали.

Указ за предлогот на Рама треба да потпше претседателот Илир Мета а изгласувањето во Парламентот ќе биде само формално.

Ова е прва темелна реконструкција на Владата по формирањето во септември минатата година.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

(ВИДЕО) Рама клекна на колена, па и го честиташе роденденот на Мелони

Горан Наумовски

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин