Реката Млава која му се заканува на Костолац денеска го проби вториот појас на одбрана од поплави меѓу местата Брадарац и Дрмно.
Граѓаните на неколку стотина метри прават трет бедем кој треба да го спречи понатамошното излевање на реката Млава кон термоелектраната Б Костолац.
Во текот на ноќта евакуирано е населението од местото Маруљевац, а во моментот се евакуира дел од населението во Брадарац.