Редици пред кипарските банки

Од:

Редици од луѓе чекаат да влезат во банките во Кипар, поради шпекулациите дека постои можност на депозитите да им се воведат нови даноци, но властите веднаш го негираа тоа тврдење.

Кипар со меѓународните кредитори договори исплата на десет милијарди евра заем, но се појави страв дека нема да може да собере 5,8 милијарди, колку што е потребно за да се почитува договорот, пренесе „Франс прес“.

По ширењето шпекулации, настанаа големи редици пред банките, па власта беше принудена да се обрати до јавноста.

-Тој чекор никогаш не е разгледан и категорично ја отфрлуваме таа идеја – наведе министерството за финасии на Кипар.

Банките на Кипар работат со строги контроли на капиталот откако беа отворени минатата недела, по двенеделната пауза поради страв од масовен одлив на депозити.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар