Разрешена директорката на Агенција за ветеринарство на Албанија поради ненавремена реакција на птичјиот грип

Од:

Разрешена е директорката на Националната агенција за ветеринарство на Албанија, Тана Кика, поради ” ненавремено превземени мерки за откривање на птичјиот грип”.

Во исто време Обвинителството во Драч почна истрага во врска со последните случувања со болеста кај живината.

Иако пред две недели било сигнализирано дека има појава на угинување на живина во фарми во Драч, потврда дека станува за птичји грип е соопштена вчера попладне, откако здружението на потрошувачи и локални производители обвинија за негрижа и неодговорност на надлежните.
Од здружението денеска побараа одговорност и од Агенцијата за храна бидејќи дозволила продажба на живина во овој период.

Последните информации говорат дека угинати се над 300 илјади кокошки.

Дополнителен скандал, за кој Министерството за земјоделство најави брзо решение, е фактот што угинатата живина се чува во кругот на фирмите, бидејќи не добиле локација за уништување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он