Разбојници со пиштоли упаднаа во куќа во Загреб – малолетник ги избрка

Од:

Насилен упад се случи во семејна куќа во областа Максимир во Загреб рано утрово, околу 4:10 часот.

Според досегашните полициски информации, тројца непознати мажи влегле во куќата каде што го пронашле 65-годишниот сопственик, 62-годишна жена и малолетен член на семејството, пишува загрепската полиција.

По влегувањето во куќата, напаѓачите веднаш го нападнале 65-годишникот и го повредиле со остар предмет.

Нападнатиот успеал да го турне еден од крадците.

Ситуацијата ескалирала кога еден од осомничените му се заканил на малолетникот со огнено оружје. Реагирајќи во одбрана, малолетникот го зграпчил предметот што му бил при рака и го удрил напаѓачот во главата, по што сите тројца избегале.

Полицијата спроведува кривична истрага за да ги утврди сите околности и да ги пронајде сторителите.

Би можело да ве интересира

Приведен еден од напаѓачите на лекарот и медицинската сестра во „Јане Сандански“, полицијата трага по таткото

Горан Наумовски

Почина 24-годишниот напаѓач кој уби шест лица во Полска

Австриец е шестата жртва во нападот во Краков, напаѓачот се бори за живот

Горан Наумовски

Во Клиника во Загреб за првпат е извршено продолжување на нога со примена на нов метод

А1он

(ВИДЕО) Србинката Нинослава Јовиќ меѓу најбараните во Европа: Се бара по грабежот на накит вреден 40 милиони евра

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Сопственичка на златарница во Лион гледала во живо како ограбувачите ѝ ја уништуваат продавницата: „Полицијата не дојде“