ВИДЕО: Расте бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул

Од:

Бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 11 жртви, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, јави агенцијата Анадолија.

Тој прецизира дека од под урнатините на зградата во населбата Картал е извлечено уште едно тело, со што бројот на загинатите се зголеми на 11. Досега има 13 повредени, а спасувачките операции се уште траат.

Под надзор се и објектите кои се наоѓаат во непосредна близина на зградата која се урна, информира Анадолија.

Причината за уривањето се уште е предмет на истрага, а локалните власти наведоа дека последните три ката биле нелегално изградени.

 

Би можело да ве интересира

Нури Аслан избран за привремен градоначалник на Истанбул

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат

Приведен градоначалникот на Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски