Во Србија во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19 починало 61 лице, со што бројот на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 9.509, соопшти Министерството за здравство.
Во земјата се регистрирани 5.733 нови случаи на Ковид-19, од направени 17.354 тестирања. На болничко лекување се 6.724 пациенти, од кои 289 на респиратор.
Од почетокот на пандемијата вирусот е потврден кај 1.098.209 лица.
Од Кризниот штаб најавуваат можност за проширување на рестриктивните мерки, односно ќе предложат ковид сертификатите да важат на повеќе места, како трговски центри и на поголеми собири.