Расмусен: Вратата на НАТО останува отворена за Западен Балкан

Од:

Вратата на НАТО останува отворена за земјите од Западен Балкан, порача генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен и оцени дека Хрватска може да помогне во неопходните реформи на тој пат.

– Евроатлантските интеграции се пат напред. Убеден сум дека Хрватска може да има важна улога во пружањето помош на останатите во регионот да одат понатаму со реформите.

rasmmusen-josipovic

Вратата на НАТО останува отворена. Но земјите кои тежат кон членство мораат да ги направат неопходните реформи за да минат низ таа врата, рече синоќа Расмусен во Дубровник, по средбата со шефот на хрватската дипломатија Весна Пусиќ.

– Хрватска има важна улога во изградбата на соработка и дијалог со регионот на Западен Балкан, додаде Расмусен по средбата со претседателот на хрватскиот парламент Јосип Лека.

Rasmussen-u-Dubrovniku

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, кој исто така имаше средба со генералниот секретар на Алијансата, ја истакна важноста на НАТО за ширење на демократските вредности.

Во Дубровник вчера почна 59. годишна седница на Парламентарното Собрание на НАТО, која ќе трае до 14 октомври.

Би можело да ве интересира

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“