Рамадани: Белград и Моска се главните закани за Косово, Србија се плаши да води нови војни

Од:

Косовскиот заменик министер за одбрана Бурим Рамадани вели дека неодамна увоената Стратегија за безбедност на Косово е „стратегија за модернизација и јакнење на институциите“, и го прави Косово „држава модел во регионот на планот на безбедноста, одбраната, информациите и дипломатијата“.

Рамадани на својата страница на Фејсбук напиша дека Србија, со тоа што усвои своја одбранебена стратегија неколку недели откако тоа го направи Косово, покажа дека продолжува да ги следи воинствените стратегии на поранешниот лидер Слободан Милошевиќ.

Косовскиот заменик министер за одбрана вели дека неговата Влада со право ги посочила Србија и Русија како „главни закани по безбедноста на Косово“, додека за белградската одбранбена стратегија тврди дека е доказ оти „Србија воопшто не се сменила, само што сега се плаши да води војни“.

– Со право ги дефиниравме надворешните непријателски активности (Србија и Русија) како главна закана по безбедноста на Косово. Неколку недели откако Косово ја усвои стратегијата за модернизација, Србија ја усвои својата милошевиќевска Стратегија. Повторно се потврди дека Србија воопшто не се сменила, само што сега се плаши да води војни, бидејќи се изгоре во Косово, напиша Рамадани.

Разликата меѓу Косово и Србија, според косовскиот втор човек во Министерството за одбрана на Косово, е “иста како и разликата меѓу доброто и злото“.

– Значи, разликата меѓу нас е концептуелна, длабока, тоа е разлика меѓу доброто и злото. Ние сакаме да се модернизираме себеси и регионот. Тие сакаат да го вратат минатото на Милошевиќ, вели Рамадани.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски