Рама во Советот за безбедност: Немаме материјална моќ, но нашите вредности ќе ги донесеме во ОН

Од:

Премиерот Еди Рама пред членките на Советот за безбедност на ОН не успеа да ги скрие емоциите на приемот организиран од Албанија во Њујорк, велејќи дека привремениот мандат во овој Совет не е само достигнување за неговата земја, туку, е остварување на сонот во неговата политичка кариера.

-Само нескротлива имагинација би имала храброст да сонува за такво нешто пред само три децении. Дури и се сомневам дека и најнескротливата имагинација не можела да биде толку разуздана за да сонува за ова пред три децении. Во тоа време Албанија беше бункер во темнина. Речиси половина век таа ползеше под еден од најугнетувачките комунистички режими во Европа, што ја направи нашата земја, морам да кажам, Северна Кореја во Европа, рекол Рама, пренесува Ора њуз.

Според истиот извор, за разлика од неговите политички говори во Албанија, пред претставниците на ОН, премиерот Рама ја покажал скромноста на моќта на неговата земја пред големите сили.

-Ние не носиме материјална моќ во Советот за безбедност, барем не сега, но моќта не е она што му недостига на Советот за безбедност. Посветени сме на внесување на нашиот глас, вредности и норми во заедничката работа на Советот за безбедност, како придонес за мирот. Сакаме да ги споделиме со другите искуствата што сме ги преживеале, научените лекции, додал тој.

Албанија, според Рама, во оваа двегодишна мисија ќе биде глас за земјите на кои им е потребен придонесот на Советот за безбедност а нејзин предзвик ќе биде да спречи конфликти и да гарантира мир.

Во својот говор, албанскиот премиер ја истакнал задачата на неговата земја во тешките моменти за целиот свет.

-Ги отворивме нашите домови и срца за оние на кои им треба спас и засолниште; било да се Евреи за време на холокаустот, или за половина милион Косовци кои бегаа од етничкото чистење на суровиот режим на Слободан Милошевиќ или илјадниците членови на МЕК кои се засолнија во Албанија и, неодамна, илјадниците Авганистанци кои избегаа од талибанската репресија, посочил Рама.

Обраќање имала и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, која оценила дека ова е исторски настан за Албанија „бидејќи и малите земји можат да направат промени во големите прашања“

Албанија од јануари го почна двегодишниот мандат на привремена членка во Советот за безбедност на ОН.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек