Рама: Тука е рокенрол, а во Брисел само симфонија и затоа сите се среќни во Тирана

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама оцени, по повод Самитот ЕУ-Западен Балкан, чиј домаќин е тој, дека регионот никогаш не бил подобар во својата историја.

На прашањето дали е можно денеска да се најде решение за косовското прашање, Рама рече дека би сакал ЕУ да има таква магична моќ, но дека тоа не е така. Тој посочи дека дијалогот е тежок и дека е потребно време.

Западен Балкан никогаш во својата историја не бил подобар, особено Албанците, и во Албанија и во Косово, подвлече тој.

На прашањето колку е важно Самитот да се одржи во Тирана, Рама одговори: Тука е рокенрол, а во Брисел само симфонија и затоа сите се среќни што се тука.

На прашањето дали Србија ќе ја потпише планираната декларација, тој рече дека не бил информиран дека има некаков проблем.

Би можело да ве интересира

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

ВИДЕО Еди Рама збесна за време на пренос во живо: „Е*и се, е*и се“

Горан Наумовски

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Рама клекна на колена, па и го честиташе роденденот на Мелони

Горан Наумовски