Рама се пофали: Ние и Србите први на Балканот почнавме со вакцинација

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама се пофали дека неговата земја и Србија се единствените земји во регионот кои започнале со вакцинација против Ковид-19.

На прес-конференција, откако ја прими и втората доза од вакцината на „Фајзер“, Рама рече дека ситуацијата поврзана со вакцинацијата низ Европа е хаотична, бидејќи големите земји им се закануваат на производителите.

– Големите земји, како тие од ЕУ, почнаа да им се закануваат на компаниите. Најважно е дека успеавме да влеземе во процесот на спроведување на договорот со Фајзер. Дозите што стигнаа вчера го отворија патот кон тоа, додаде Рама.

Тој посочи дека Амбасадата на Франција во Тирана, која во својата реакција наведе дека Рама изнесува неточни ставови за вакцинацијата, ги извадила неговите изјави од контекст и дека тој не ја обвинил Франција, туку само изнел мислење.

Рама најави дека следната недела во Албанија ќе пристигнат 10.000, а до крајот на месецов уште 30.000 од договорените 500.000 вакцини со компанијата Фајзер.

Првите 1.170 вакцини од Фајзер во Албанија пристигнаа доцна синоќа.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија