Рама со протести пречекан во Фиер и Љушња

Од:

Албанскиот премиер, Еди Рама, кој присуствуваше на Нациналниот саем за вработување во градовите Фиер и Лушња, на пристигнување беше пречекан со протести.

Членови на Форумот на младите на Демократска партија и на Движењето за социјалистичка интеграција, носеа но и извикуваа пароли против Владата. На транспарентите кои ги држеа во раце пишуваше „Долу пашалаци на криминалот“ „Рама,Тахири,Џафај (е еднакво на) Албанија надвор од Европа“ „Мафијашка Влада“„Влада на дрогата“…

На простетите присуствуваа и граѓани и симпартизери на партиите.

Видно беше присуството на полицијата, при што одвреме навреме имаше и меѓусебно кошкање.

Како одговор кон учесниците на протестот премиерот Еди Рама иронично ги поздрави високо подигнувајќи два прста.

Ова не е првпат Рама да биде пречекан со протести при посета на градовите во земјата. Претходно со протест беше пречекан и во Елбасан, Церик и Балш, каде учесниците на протестот носеа транспаренти на кои покрај другото пишуваше и „Добре дојде паша на дрогата“ „Срам,срам“ „Рама оди си“.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент