Рама: Отворен Балкан, вистинската идеја во вистинско време

Од:

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека е убеден оти сите земји од регионот ќе станат дел од иницијативата „Отворен Балкан“.

На церемонијата по повод годишнината од германската фондација Фридрих Еберт во Албанија, Рама посочи дека не постои друг начин освен „Отворен Балкан“.

-Отворениот Балкан е вистинската идеја во вистинско време, и без сомнение секој ќе ја прифати идејата чекор по чекор. Немаме време за губење. Треба да бидеме целосно отворени еден со друг за да создадеме слика за тоа што сакаме да бидеме. Така добиваме време од иднината. Тоа е иднината, нема друга опција освен да се отвориме еден кон друг, истакна Рама.

Премиерот на Албанија оцени дека ова добило време бидејќи, како што смета, земјите од регионот ќе бидат принудени на тоа во моментот кога ќе влезат во ЕУ.

Според Рама, никој на Западен Балкан нема луксуз да ја остави економијата на страна и да се занимава првенствено со политика во интерес на партијата.

Тој го нарече процесот на европска интеграција непредвидлив поради пречките што може да се сретнат „на патот“, наведувајќи го ветото наметнато од Бугарија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Еди Рама збесна за време на пренос во живо: „Е*и се, е*и се“

Горан Наумовски

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

(ВИДЕО) Рама клекна на колена, па и го честиташе роденденот на Мелони

Горан Наумовски

ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан