Рама отфрла каков било разговор со Бериша околу изборот на нов шеф на државата

Од:

Нема да преговараме со Бериша за новиот претседател на државата, а и доколку демократите го изберат на чело на партијата, ќе ги прекинеме сите односи со нив, изјави премиерот Еди Рама на пленарна седница на албанскиот парламент.

-Работите треба да бидат јасни. Со Сали немаме работа. Сали за нас е мртов и политички и институционално. Биолошки му посакуваме долг живот. Не нè мешајте со мртвите среде куќа и знајте ние не бираме кој ќе ја води вашата пратеничка група или Демократската партија. Но, знајте доколку изберете да ве води еден мртовец, ние со ПД ќе ги прекинеме сите односи, изјави Рама.

Додаде дека неговата, социјалистичка партија, да сакала да избере претседател од редовите на неговата партија ќе го направеле тоа, но одлучила тоа да го направат сите парламентарни партии заедно.

-Не ни е тоа целта. Искрено сакаме, ако е можно, на Албанија да ѝ се даде претседател надвор од ПС. Ако придонесете, ако се договориме заедно за една личност ќе го направиме тоа. Но, ако излезе од устата на мртвите, нема да го направиме тоа, рече премиерот.

На ова реплицираше Бериша.

-Ова е посебна чест. Ќе ја продолжам мојата битка додека не го добијам местото што го заслужувам, рече Бериша, кој јавно ги соопшти амбициите дека сака да се врати на чело на партијата, од каде се повлече 2013 година.

Тој продолжи со обвинувања на адреса на премиерот и владата, за „тајни коруптивни тендери“ по што по барање на Рама претседателката на парламентот Линдита Никола му го исклучи микрофонот.

Претходно беше избегнат инцидент кога Бериша насилно го истурка, вршителот на должноста претседател на демократите, Енкелејд Алибеај, за да тој се обрати од собраниската говорница, по што по барање на Алибеај, Никола даде куса пауза.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Рама: Планот за раст на Западен Балкан е голем тест на зрелоста што треба да го поминеме

Горан Наумовски

Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша во куќен притвор