Рама: Остваривме видео врска на премиерите од Балканот со Курц и Вархјли

Од:

Премиерите на Западен Балкан остварија дигитална-конференција со австрискиот канцелар Себастијан Курц и со комесарот за проширување Оливер Вархјли.

Во објавата на Фејсбук, премиерот Еди Рама пишува дека Албанија дејствувала брзо во преземањето мерки за заштита и дека „продолжува војната“ и оти се разгледува планот како да се реагира на економски план.

Меѓу другото целта на оваа видео врска е да се гарантира пристапот на земјите од регионот до европскиот пазар за медицински увоз за време на борбата против вирусот.

„Разговаравме и за состанокот на Совет на Европа што ќе се одржи следната недела и ќе се разговара за одлуката за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија“, наведува Рама.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024