Рама: Односите меѓу Белград и Тирана се во ембрионална фаза

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Дојче веле изјави дека односите меѓу Белград и Тирана се наоѓаат во „ембрионална фаза“, и притоа изрази увереност дека земјите од Западен Балкан заедно можат да тргнат напред кон обединета Европа, пренесе Танјуг.

-Повеќе од еден век не сме имали соработка, нашите политички односи беа сведени на минимум и единственото што луѓето го запомнале е војни, конфликти и противоречности, рече Рама.

На прашањето дали претставниците на српската и албанската елита се во состојба воопшто да водат дијалог, премиерот посочи дека 2014 година е најдобрата досега година за Западен Балкан и нивната историја, подвлекувајќи дека не треба да се пропушти овој момент.

-Цврсто верувам дека заедно можеме да тргнеме напред. Ќе преземам се што е можно за да спречам минатото да застане на нашиот пат кон обединета Европа, рече Рама.

Албанскиот премиер подвлече дека сегашниот мир е постигнат токму затоа што народите во регионот решија да се приклучат кон Европската унија. Тој објасни дека по настаните за време на натпреварот Албанија-Србија и по него, српскиот премиер Александар Вучиќ му се јавил за да му ги објасни своите погледи за настаните, кои биле коренито различни од неговите, но
двајцата се согласиле дека треба да гледаат напред и да го продолжат процесот, почнат по иницијатива на германскиот канцелар Ангела Меркел на конференцијата за Западен Балкан, на 28 август во Берлин.

Запрашан за опасноста од големоалбанскиот национализам на Балканот, Рама изјави дека тоа не е албански проект, туку одраз на „исконскиот страв на Србите“.

-Голема Албанија не е на политичкиот дневен ред. Ниту една албанска партија не ја следи оваа цел, рече Рама, и истакна дека мнозинството Албанци повеќе сонуваат за „Голема Европа“ со Албанија, Косово и сите земји од регионот во неа.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент