Рама објави што разговарал со Бајден и оти на самитот побарал Косово веднаш да биде покането во “Партнерството за мир”

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи објави што денес разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, наведувајќи дека американскиот лидер ги кажал најдобрите зборови за Албанија.

Според Рама, Бајден изразил желба да организираат нешто заедничко по повод 100- годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

– Од претседателот Бајден ги слушнав најдобрите зборови за Албанија и нејзината улога во Советот за безбедност на ОН и НАТО, како и неговата желба да организираме нешто заедно по повод 100-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи Албанија- САД, напиша Рама.

Во пораката на Твитер тој исто така наведува дека на Самитот на НАТО побарал Косово веднаш да биде покането во механизмот Партнерство за мир.

– Денеска во НАТО: Побарав Косово веднаш да биде покането во механизмот “Партнерство за мир”. Побарав земјите кои сеуште не го признале Косово да го проценат неговиот став усогласен со ЕУ за руската агресија врз Украина и покрај фактот што Украина сеуште не го признала Косово, наведува Рама на објавата на Твитер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа