Рама: Ниту едно малцинство не може да земе ништо во заложништво, новиот театар ќе биде изграден

Од:

Во врска со денешниот протест на театарските уметници и граѓани,кои се против уривањето на Националниот театар реагираше премиерот Еди Рама, кој на статус на Твитер напиша дека новиот национален театар ќе биде изграден како план на владина одговорност.

-Ниту едно малцинство не може да држи во заложништво ништо и никого во оваа земја. И покрај почитувањето на едно малцинство на театарски актери и политичари кои никогаш не влегле во театар, туку се навикнати да прават театар од се, новиот Национален театар ќе биде изграден како владин план и одговорност, напиша Рама.

Додава дека никој нема мандат, ниту право да ја попречи изградбата на новиот театар.

-Изградбата на нов национален театар бара главниот град, државата, нацијата и поголемиот дел од заедницата на театарски уметници. Идентично како и новиот национален стадион, тоа ќе биде километарски камен на патот за Албанија што ја сакаме. Кој не се согласува е почитуван, но нема ниту мандат ниту право да попречува, порача Рама.

Од друга страна против уривањето на театарот е опозицијата,која и денес беше дел од демонтрантите пред објектот.

Демократскиот лидер Љуљзим Баша, во обраќањето рече дека уривањето на театарот е „криминален проект и служи за перење пари од дрога“. Посочи дека театарот го заштитуваат актерите, но оти и тие се тука „да не ја дозволат оваа кражба“.

Шефот на државата пак, Илир Мета, достави барање до Уставниот суд Законот за уривање на театарот да го прогласи за неуставен.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент