Рама: Младите да не плаќаат за влез во Британија, туку да инвестираат во татковината

Од:

Тирана, 8 ноември 2022 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама за време на посетата на општина Камез ги повика младите да не трошат 10.000 фунти за да избегаат со чамец во Велика Британија, туку овие пари да ги инвестираат во земјата на нивните родители, јави дописничката на МИА од Тирана.

Тој нагласи дека секој млад Албанец, доколку повеќе се посвети на работата, ќе заработи повеќе отколку во Велика Британија, мислејќи на Албанците кои се занимаваат со чесна работа, а не со криминал.

– Парите што ги трошите во Англија, инвестирајте ги во земјата на вашиот татко и дедо и ве уверувам дека ќе заработите повеќе отколку таму. Секогаш зборувам за оние кои работат чесна работа, а не за оние кои се занимаваат со криминал, рече Рама.

Младите Албанци масовно ја напуштаат земјата, пред се од северниот дел, кои за високи износи на пари илегално минуваат од Франција на британска територија, со моторни чамци преку Ла Манш.

Само годинава нивниот број надминува 12 илјади, а бранот на миграција не стивнува.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Рама: Планот за раст на Западен Балкан е голем тест на зрелоста што треба да го поминеме

Горан Наумовски

Рама од Скопје: Границата помеѓу Косово и Србија е вон контрола, да се зголеми бројот на силите на НАТО

Орце Костов