Рама: Кој ќе постави цена различна од определената ќе ја изгуби дозволата за работа

Од:

Премиерот Еди Рама на средба со снабдувачите на горива, најави дека ќе се формира Национален одбор за снабдување со горива кој дневно ќе носи одлука за цената на горивата и предупреди дека секој кој нема да ја почитува ќе ја изгуби дозволата за работа.

Одборот според Рама во кој ќе членуваат и претставници на здружението на добавувачи на гориво, ќе врши мониторинг и ќе преземе мерки за спречување на злоупотреби со цената на горивата.

„Кажете ни 5 ваши претставници за националниот одбор. Секој ден, одборот ќе се состанува преку „Зум“ платформата и на сите ќе им биде дадема цената што ќе биде прикажана на табела следниот ден. Ако поставите различна цена од утврдената, ќе ја изгубите дозволата за работа, односно ќе биде затворена бензинската пумпа, ги предупреди Рама сопствениците на бензински пумпи.

Порача дека ова не е време за добивка туку време сите да го споделат товарот, додавајќи дека владата има обврска да го носи најголемиот товар, но оти „секој има обврска да го носи својот дел од товарот“.

-Ќе го задржите вашиот дел дека не може да се случи да стекнете нешто повеќе од потребното за да продолжите да го снабдувате албанскиот народ и во овие услови. Во рок од 24 часа ќе донесеме нормативен акт и владата со вас ќе влезе во администрацијата на снабдувањето преку национален одбор за снабдување со гориво и секој ден вие и владата ќе донесувате одлука за цената, која мора секој да ја почитува, рече Рама.

Светската криза со поскапување на горивата и другите производи ја погоди и Албанија, каде во измнатите два дена имаше протести во многу градови во земјата.

По протестите на кои се бараше намалување на цената на горивата денеска владата излезе со нови цени кои се пониски за околу 40 лека. Така дизелот наместо 260 лека или 2,1 евро сега чини 223 лека(1,8 евра).

Пред два дена по првиот протест претседателот Илир Мета, побара од владата да ја намали цената на горивата и да одобри пакет економски мерки за заштита на ранливата категорија граѓани, додавајќи албанската влада под итно да го следи примерот на Грција, Северна Македонија, Косово Хрватска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Да бидеме дел од ЕУ пред да ги спроведеме сите реформи

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он