Рама: Изградбата на Центар за повратници од ИД е фантазија на опозицијата

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама првпат реагираше во врска со веста која повеќе дена е топ тема во албанските медиуми и јавност дека во Албанија ќе се гради камп за поранешни припадници на терористичката ИД од балканските земји.

Неговата реакција доаѓа по многу обвинувања од страна на граѓаните кои коментираат на профилот на Рама на социјалната мрежа фејсбук, преку која тој комуницира со нив секоја недела.

Рама вели дека ваквите гласини се невистинити и оти веста е производ на фантазијата на опозицијата.

– Објаснивме дека тоа е фантазија претворена во обвинение и дека нема ниту тронка вистина во неа, нула вистина, но тоа покажува колку е бедна опозицијата на оваа земја, наведува Рама.

Неговиот советник за безбедност Сандер Леши пред два дена изјави дека станува збор за лажни вести, со провокативен и политички карактер, отворени шпекулации и оти не постои никаква идеја, барање, план или можност за такво нешто.

Тој изјави дека медиумите ја извадиле од контекст изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој, според Леши, рекол дека постојниот Центар за координација за броба против екстремно насилство во Тирана треба да се транформира во регионален центар.

Како одговор на изјавата на Рама и на Леши, потпретседателот на Движењето за социјалистичка интеграција и коодинатор на парламентарната група Петрит Васили потсетува на изјавата на Борисов, во која ,според него, тој воопшто не споменува регионален центар, туку центар за прифаќање поранешни борци на ИД од балканските земји.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент