Рама: Едноставно решение на проблемот е Србија да го признае Косово

Од:

Решението за косовскиот проблем е едноставно, целосно признавање на Република Косово од страна на Србија, а кога ќе се ставам во чевлите на Александар Вучиќ, свесен сум, дека е многу полесно тоа да се каже, отколку да се стори, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

– Мошне ја почитувам иницијативата на Александар Вучиќ да повика за внатрешен дијалог во Косово и така диретно и неконвенционално да се соочи со минатото, рече Рама.

Тој за „Блиц“ истакна дека во авторскиот текст на Вучќиќ во кој повика на внатрешен дијалог за Косово „можел да почувствува вистинска болка и истовремено импресивна одлучност“ и нагласи дека по тој прв чекор на Вучиќ продолжил да развива мошне храбра визија за иднината на Србија и Косово.

– Засега можеме да кажеме дека е важно напорно да работиме сите заедно до решение, трепеливо, директно и неконвенционално. Сите мораме да имаме на ум дека пронаоѓањето на решение за ова прашање е во интерес на сите, не само на Албанците. Што порано, тоа подобро, рече Рама.

Во врска со предлогот на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ косовскиот проблем да се реши со поделби, албанскиот премиер смета дека да се почне оттаму воопшто не е позитивно.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград