Рама до опозицијата: Разбудете се, никогаш нема да има техничка влада

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама, на опозицијата и порача да се разбуди од сонот, зашто „никогаш нема да има техничка влада“, бидејќи Владата е избрана од граѓаните и таа ќе го продолжи легитимитетот се до последниот ден на мандатот.

Тој додаде дека бара дијалог со опозицијата и искажа подготвеност да оди во шаторот каде што опозицијата протестира,нагласувајќи дека ни една закана на поранешниот лидер на демократите и екс премиер,Сали Бериша не ја плаши Социјалистичката партија.

– Една група политичари кои посакуваат власт се собраа во шатор. Исто така има една група судии кои не сакаат да се отстрани шаторот,бидејќи сакаат во заложништво да ја држат правдата.Тоа се странци … кои не сакаат да ја видат Албанија како држава,- посочи Рама.

Тој категорино и порача на опозицијата дека нема никогаш да дочека покана за техничка влада,ни пак покана за одлагање на јунските парламентарни избори.

– Ова не е криза на Албанија,туку криза на една политичка партија, која никогаш нема да дојде на власт.Ова е криза на едно политички изолирано село.Зборуваат за народна револуција без народ,-иронично порача Рама.

Опозицијата,на која денска и е 31 ден од протестите,не се откажува од барањето за формирање техничка влада, која,според неа,ќе спроведе слободни и фер избори.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент