Рама бара од Европа да изработи план за борба против тероризмот

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека Европа би требало да изработи заеднички план во борбата против тероризмот и нагласи дека во спротивно би можеле да се повторат нападите како тој во Брисел, јави АТА.

Рама во телевизиско обраќање изјави дека Европа мора да заземе цврст став против антиевропската политика.

Тој рече дека не може да сфати како личност, по која се трага во Франција има чисто полициско досие во Брисел. Рама смета дека во врска со таквите случаи е потребна поголема соработка.

– Станува збор за пропусти на Европа, која би требало да изгради разузнавачки систем, со кој би се спречило мозокот на она што се случи во Франција да ги премине границите и на крајот да биде фатен во Брисел. Оваа личност има кривично досие во една земја, а испаѓа дека е чиста во друга. Потребен е колективен безбедносен и одбранбен систем, смета Рама.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент