Ракетите „патриот” во Турција оперативни на крајот од јануари

Од:

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека ракетите “патриот”, кои ќе бидат распоредени во Турција за да се спречи прелевањето на граѓанската војна во Сирија, ќе бидат оперативни на крајот од јануари.

Руте рече дека Холандија, Германија и САД, блиску соработуваат со Турција на тоа “ракетите да се распоредат што е можно поскоро”, пренесе АП.

Германија и Холандија ќе испратат по две батерии на најновата верзија ПАЦ-3 на одбранбениот систем “патриот” од американско производство кои пресретнуваат дојдовни проектили. САД, најверојатно, ќе испратат некои ракети од своите бази во Европа.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО одговорија позитивно на барањето на Турција на 30 ноември за испраќање на ракети на нејзина територија.

Заедно со ракетите во Турција ќе бидат разместени и околу 400 германски и 360 холандски војници.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски